Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Семејно насилство, демнење, контролирање, закани а последната станица најчесто е фемицид. Црните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејно насилство, демнење, контролирање, закани а последната станица најчесто е фемицид. Црните статистики покажуваат дека родовото базирано убиство врз жени и девојчиња е се уште сериозен предизвик на глобално ниво. Според истражувањата на ОБСЕ, во 2024 повеќе од 50 илјади жени биле убиени од страна на нивните партнери или членови од семејството.

„Фемицидот, односно родово базираното убиство на жени и девојчиња, претставува најекстремна манифестација на насилство врз жените. На глобално ниво во 2024-та година нотирани се 83.000 жртви жени и девојчиња, од кои 50.000 биле убиени од интимниот партнер или друг член на семејството. Тоа значи дека секој ден во просек по 137 жени и девојчиња биле убиени од некого во семејството или најблиската околина.“- вели потпретседателката на собранието на Македонија, Весна Бендевска.

На дводневната конференција за фемицид организирана од ОБСЕ беше испратена едногласна порака дека „фемицидот може да се спречи“. Од ОБСЕ посочуваат дека законите се неопходни, но сепак не се доволни. За стоп на фемицидот, Македонија веќе ја развива платформата „Femicide Watch“  со која случаите ќе се анализираат детално со цел да се открие каде потфрлил системот и што можело да се направи поинаку.

Реклама

„Преку ангажманот на нашите денешни оперативци, ние даваме поддршка на локалните власти во борбата против фемицидот, вклучително и преку воспоставување на ефикасна заштита и превенција. Поддршката на иницијативата Femicide Watch, која што е форум на високо ниво, со претседателство на Северна Македонија, е пример.“- вели генералниот секретар на ОБСЕ Феридун Х. Синирлиоглу.

„Се работи за мултисекторско тело со претставници од кривични институции и социјални работници. Целта е да се гледаат случаите од различни аспекти. Работното тело да ги гледа дупките и јазовите за да дадат соодветни препораки. Приоритет ни е да се вгради работното тело во национална институција.“- вели шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал.

Бројките покажуваат дека во Македонија во 2025 година биле убиени шест жени. Во 2024 година беа убиени пет жени, а две од нив претходно пријавиле семејно насилство. Во 2023та година девет жени биле жртви, а три од нив претходно трпеле семејно насилство. Државата презема значајни чекори за заштита и превенција. Во 2014 година Македонија ја потпиша Истанбулската конвенција за спречување и заштита од насилство врз жените, а во 2017 година таа станала дел од правниот систем. Од 2021 има и акциски план, а беше донесен и закон за спречување и заштита од насилство врз жените.