Реклама

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Македонија

Генерално институциите ги почитуваат барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, годинава поднесени 344 жалби од НВО и граѓани

Слободниот пристап до информации има огромно значење за целата наша заедница затоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слободниот пристап до информации има огромно значење за целата наша заедница затоа што граѓаните мора да имаат информации како и на кој начин работат институциите, како се трошат буџетските средства и како се креираат политиките во нашата држава, изјави директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер Петар Гајдов на денешното одбележување на Меѓународниот ден на информации од јавен карактер и 20 години од законодавната рамка за пристап до информации во земјава.

Гајдов вели дека генерално институциите ги почитуваат барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, а како позитивни примери ги посочи општините Демир Хисар и Виница, и Министерството за одбрана. 

-Во принцип државните институции го почитуваат правото, но не секогаш сите граѓани го користат ова право од причина што можеби некои не се доволно информирани – рече Гајдов. 

Реклама

Изрази надеж дека во иднина ќе се зголеми бројот на институции кои ќе ги објавуваат информациите на своите веб страници и на тој начин граѓаните ќе бидат навремено информирани. Она што се јавува како генерален проблем, вели претседателот на Агенцијата, е “молкот” од одредени институции, но нагласува дека тоа не значи дека информацијата не е дадена туку дека можеби е дадена по рокот или додека трае жалбената постапка. 

Оваа година до Агенцијата се поднесени 334 жалби, а најчесто жалбите се поднесени од невладини организации и граѓани. Гајдов вели дека овој состав на Агенцијата стартувал со наследени 142 жалби и оти сите тие се веќе решени. 

На настанот се обратија и амбасадорите на Швајцарија Кристоф Сомер и на Шведска Ола Солстром кои го потенцираа значењето за слободен пристап до информациите за граѓаните и владеењето на правото особено денес кога се светот се соочува со многу дезинформации и лажни информации. 

Солстром истакна дека Шведска е првата земја во Европа која има Акт за слобода на информациите, но сепак и таму има одредени предизвиците. 

-Предизвиците со кои се соочувате овде на многу начини се исти со она со што се соочуваат, организациите, граѓаните и медиумите во Шведска, но некои предизвици овде се поголеми. Искуството кај нас е подолго и граѓаните си ги знаат своите права поврзани со информациите – рече шведскиот амбасадор. 

Пратеникот Љупчо Пренџов, кој е претседател на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците рече дека секој еден граѓанин на земјава има право да знае како се трошат неговите пари, што се случува со одредени процеси и како се носат одлуките.

Пренџов рече дека Собранието со неговата отвореност и тие како Комисија за политички систем даваат пример на институциите како треба да се работи. 

Претставник на граѓанскиот сектор рече дека после дваесет години од носење на законот, слободниот пристап до информации од јавен карактер не е многу на високо ниво и детектирани се два проблема: институциите споро одговараат, рокот од дваесет дена што го имаме во нашата држава за барање за слободен пристап е најдолг во регионот, а тие и тој успеваат да го пробијат и затоа процентот на жалби во овие дваесет години кај Агенцијата е на доста високо ниво. Вториот проблем е молчењето на администрацијата кон определени барања.

На регионално ниво нашата Влада е прва по транспарентност, Собранието второ, а на локално ниво Општина Крива Паланка. А меѓу најдобрите се министерствата за одбрана и за внатрешни работи. Најдолу на листата се некои од општините како Студеничани.