Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Екстремно високите летни температури без дождови речиси два месеца, како и невремињата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екстремно високите летни температури без дождови речиси два месеца, како и невремињата што го зафатија долненскиот регион, го намалија квантитетот на годинашниот род на тутунот. Околу 5 милиони килограми тутун ќе бидат помалку набрани од првично планираните. Родот е многу квалитетен, но количините се намалени, велат од Сојузот на тутунски здруженија, на крајот од бербата на годинашната реколта.

„Состојбата во споредба со ланската година, оваа година е во квалитет подобра, но во квантитет ќе има потфрлања, затоа што беа договорени некаде околу 31 милион, а оваа реколта тежи некаде од 25 до 26 милиони килограми. Ова е максимумот што може оваа година да се добие. Шеесет дена немавме дожд, а дел од Пелагонискиот регион, односно во општина Долнени, го зафати невреме со град, така што таму посевите, односно засадениот тутун, беше уништен 100 проценти“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Според проценките, околу 85 до 90 отсто од тутунот е веќе собран од нивите. Очекувањата се дека ќе има доволно време за да се исуши, а бидејќи се работи и за квалитетен тутун, од Сојузот се уверени дека и откупната цена ќе биде задоволителна.

Реклама

„За цените, ние како Сојуз сè уште се договараме, значи не се дефинирани овие цени. Ние ќе бараме зголемување до почетокот на откупот и со тоа да им дадеме до знаење на откупувачите дека треба да ги коригираат цените за да може да купуваат по класи. Ако не извршат корекција на цената, тогаш се надеваме дека условот е тој – да мораат да купуваат само прва класа, заради тоа што и ние како Сојуз, а и производителите, нема да им дозволат да го платат поевтино од лани“, појаснува Ристески.

Што се однесува до почетокот на откупот, засега останува по старо. Со добивањето на мострите, откупувачите можат веднаш да го започнат откупот, што значи дека откупот може да се врши и во ноември. Редовниот откуп, пак, започнува на 15 декември, до кога откупувачите, согласно Законот, ќе мора да ги отворат откупните пунктови.

Во меѓувреме, македонскиот Сојуз на тутунски здруженија стана рамноправна членка и на Светската организација за производство на тутун. Ова значи голем чекор напред за развојот на македонското тутунопроизводство, бидејќи во светот, заедно со Турција, сè уште сме рангирани меѓу најголемите производители на ароматичен тутун, со вкупно производство од 100 милиони килограми, додека потребите на светско ниво за овој вид тутун изнесуваат околу 130 милиони килограми.