Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Македонија има многу повеќе туристи од статистичките бројки кои се објавуваат бидејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има многу повеќе туристи од статистичките бројки кои се објавуваат бидејќи досега немаше никаква контрола на сместувачките капаците преку букинг и ер-би-ен-би. Годишно на македонските аеродроми транзитираат околу 4 милиони туристи, а според последната статистика, во земјава последните 7 месеци имало дури 750 илјади туристи. Управата за јавни приходи спровела контроли, но и кампања за сопствениците на сместувачките капацитети, да ги пријавуваат туристите и да плаќаат данок и туристичка такса. Токму поради тоа, претседателот на туристичко угостителската комора вели дека за реални бројки треба да почекаме до крајот година. Според неговата претпоставка, оваа година иако е многу потешка поради војните во светот и енергетската криза, сепак ќе биде поуспешна од лани.

 „Ќе имаме поголем број на туристи бидејќи се евидентиратоа, луѓето не ги пријавуваа и немаше контрола слободно не пријавува, сега се стиснати и мора да плаќаат туристичка такса, данок на имот и на работата што ја вршат“, вели Аркан Керим претседател на Туристичко угостителска комора

Македонија има природни убавини, сместувачки капацитети, се работи и на инфраструктурата и се воведуваат нови летови, но според претседателот на комората, за да привлечеме повеќе туристи граѓаните мора да ја сменат перцепцијата. Да не фрлаат ѓубре и да се организираат што повеќе позитивни настани како што беше прославата за независноста.

Реклама

„Да се смени перципцијата на луѓето да не фрлаат ѓубре каде сакаат, како онаа жена што ја фатија како фрла ѓубре, значи треба да се смени перципцијата за да имаме чиста држава и да привлечеме туристи. Скопје го наполнивме викендов немаше празне место нигде.  не само Скопје, се наполни и Велес, Куманово, Тетово, немаше место каде да се сместат гостите“, вели Вели Аркан Керим претседател на Туристичко угостителска комора.

Меѓу странските туристи во Македонија и натаму доминираат гостите од Турција, потоа Германија, Србија, Романија и Албанија.

Инаку Скопје наскоро се поврзува со Дубаи. Од март следната година со авиокомпанијата „Флајдубаи“ туристите диектно ќе патуваат до Емиратите. Истовремено се преговара и за директен лет од Охрид до Абу Даби или Шарџа.

Македонија во изминативе две години значително ја прошири авио мрежата. Воведени се повеќе од 28 нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, со што граѓаните добија директни врски до повеќе европски дестинации.

Според експертите ова е значаен чекор за развој на туризмот, што ќе донесе повеќе туристи, но и поголема заработка за хотелите, рестораните, туристичките агенции и локалниот бизнис.

Според Државниот завод за статистика во првите седум месеци од годинава има за 1,5 отсто повеќе туристи во споредба со истиот период лани. Растот е забележан и кај странските гости, чиј број е зголемен за 1,3 отсто.