Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Нов случај на починат од Западно-нилска треска-почина 70 годишник кој подолг период се лекуваше на Инфективна

Пред речеси два месеци во тешка состојба бил хоспитализиран на инфективна, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред речеси два месеци во тешка состојба бил хоспитализиран на инфективна, но по 57 денови борба за живот, уште еден маж на 70 годишна возраст, почина од западнонилска треска.  Пацинетот имал претходни коморбидитети и се наоѓал во исклучително тешка здравствена состојба, докторите направиле се што можеле да го спасат, но тешко воспаление на мозочната обвивка била причината тој викендов да почине.

-За жал во текот на викендов е регистриран уште еден летален исход на 70 годишен пациент со потврдена Вест-најл инфекција. Се работи за пациент кој е хоспитализиран на клиникава вкупно 57 дена. Беше во  Центар за интензивна нега и покрај сите преземени мерки и постапки што ги изискува интензивна нега за жал во текот на викендот настапи летален исход-вели дирекоторот на Инфективна Фадил Цана

До сега од вирсот Западен Нил починаа 10 лица а моментално на клиниката се лекуваат 7 пациенти. Есенските температури го намалуваат боројт на заразени. Изминатата недела само еден човек од Росоман е хоспитализиран на Инфективна.

Реклама

-Вкупно на Клиникава се седум пациенти хосптализирани од кои двајца се со потешка клиничка слика. Тие се нови пацинети на кои им се влоши клиничката слика  и тие се префрлени во одделот за интензивна нега. Еден од пацинетите е од поновите пациенти хоспитализирани кои од прием е во потешка клиничка слика–-вели дирекоторот на Инфективна Фадил Цана

Сите случаи кои што се со тешка инфекција на мозочната обвивка се над 60 години и со дополнителни хронични заболувања.. Инаку на Клииниката до сега се лекувале 67 пациенти  со потврден вирус на Западен нил од кои 50 се излекувани. Освен во Скопје, според извештајот на Институтот за јавно здравје, случаи на западно нилска треска во последните 4 недели е потврден и во Велес, Куманово, Свети Николе,  Кавадарци и Росоман.