Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Томовски: Комплексот „Македонско село“ функционира успешно, стоиме на располагање за логистичка и институционална поддршка

Институциите континуирано комуницираат со концесионерот на комплексот „Македонско село“ со цел објектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институциите континуирано комуницираат со концесионерот на комплексот „Македонско село“ со цел објектот успешно да функционира и да не биде затворен, изјави директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

Томовски истакна дека државата обезбедува логистичка и институционална поддршка, додавајќи дека комплексот веќе една година работи стабилно.

-Комуницираме постојано со концесионерот, им стоиме и како логистика и како поддршка, целта ни е тој објект да функционира, да работи да не се затвори, да не пропаѓа тој објект. Мислам дека функционира добро. Овој период им е подобар за работа на ресторанските услуги, им треба мала помош за хотелските капацитети со кои располагаат, но ете година дена функционираат и се надевам дека уште долги години ќе функционира, вели Томовски.

Реклама

Томовски истакна дека за подобро искористување и развој на сместувачките капацитети во комплексот „Македонско село“ е потребна поголема поддршка и препорака од туристичките агенции и институциите.

-Овие не се хотелски капацитети, и не може да учествуваат на одредени јавни набавки како хотел, тие се водат како посебен вид на сместувачки капацитет, апартманско сместување, и заради таа причина им е потребна помош на концесионерите и од туристичките агенции во Македонија и од нас институциите да ги препорачуваме за да можат да го разработат подобро тој дел и да бидат они задоволни, а и да го испочитуваме договорот најмалку 15 години да не се затвори комплексот или да не бараме нов концесионер, рече Томовски.

Во однос на пристапноста до комплексот, тој посочи дека до локацијата може да се стигне и со автобуски превоз на ЈСП. Според него, веќе се разговарало со ЈСП за почести автобуски линии кон дестинацијата. Томовски додаде дека голем број државни институции веќе организираат настани во комплексот и посочи дека странските посетители се воодушевени од локацијата и амбиентот.

Томовски, во гостувањето, исто така, рече дека граѓаните се сè поодговорни и редовно пријавуваат нерегуларности кога ќе забележат службени возила со новите препознатливи таблички на необични локации.

-Граѓаните навистина се осмелуваат да пријават. Обично реагираат кога ќе сретнат такво возило на пазарче. За еден таков случај одговоривме дека се работи за возило на Општина Гази Баба, кое било таму за инспекторски надзор на Кванташкиот пазар. Исто така, имавме случај каде службено возило беше сликано пред еден од поголемите маркети во Скопје. Наша задача е да побараме одговор од самата институција за да се утврди дали навистина имало злоупотреба или возилото било на службена задача- објасни Томовски.

Томовски, исто така, информираше дека службата веќе започнала со чистење на сопствениот возен парк од возила кои со години беа заборавени, посочувајќи дека само во рамките на СОЗР досега се расходувани повеќе од 100 возила кои со години стоеле нефункционални и правеле метеж.