Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

Факт е дека во извештајот на Европскиот парламент за Република Македонија се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факт е дека во извештајот на Европскиот парламент за Република Македонија се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и не гледам никаков проблем во тоа, вели известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за земјава Томас Вајц.

-Со сето должно почитување – сите култури, идентитети и националности во Европа се тесно испреплетени. Го кажувам ова како Австриец, како Словенец, како Унгарец, како граѓанин на Европската Унија, вели Вајц во пресрет на гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

Вајц кажа дека неговиот нацрт-извештај за Македонија има неколку упатувања на признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за што е напаѓан од бугарските европратеници, но оти според него, „нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски“.

Реклама

-Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Лично ми е жал што ова е потребно, бидејќи нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Лично, не би гледал потреба тоа да се каже. Но, поради некои прашања што беа поставени, особено од бугарската страна, дека македонскиот е независен јазик што се разликува од бугарскиот и дека македонскиот идентитет беше доведен во прашање не само од бугарските соседи, туку и порано од грчките соседи, потребно е да се спомене ова, и тоа е вклучено во нацрт-извештајот. Јасно се споменува реалноста на независниот македонски идентитет и јазик, истакнува Вајц.

Тој очекува мнозинска поддршка за извештајот во Европскиот парламент.

-Очекувам мнозинство за конструктивен извештај, бидејќи има големо мнозинство групи во Европскиот парламент што го поддржуваат процесот на пристапување на Македонија. Така што, мислам дека тоа ќе резултира со големо мнозинство. Извештајот ќе биде гласан дури следната недела, така што конечниот резултат ќе биде познат тогаш, кога ќе видиме како гласале различните членови на Европскиот парламент, особено во Комитетот за надворешна политика. Но, подготвениот нацрт јасно ги адресира потребните чекори за следната фаза – отворањето на преговорите, изјави Вајц.