Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Муцунски во посета на Литванија, свечено отворање на македонската Амбасада во Вилнус

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во работна посета на Литванија, каде што ќе биде отворена македонска Амбасада во литванската престолнина Вилнус.

-Централен настан во рамките на посетата ќе биде свеченото отворање на новата Амбасада на Република Северна Македонија во Вилнус, што претставува значаен чекор кон натамошно зајакнување на дипломатското присуство на државата и продлабочување на билатералните односи и соработката со Литванија и поширокиот Балтички регион – соопштуваат од Министерството.

За време на престојот во Вилнус, министерот Муцунски ќе оствари билатерална средба со својот литвански колега, Кештудис Будрис. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог, интензивирањето на економската соработка и евроинтегративните процеси.

Реклама

Двајцата министри ќе разменат мислења и за актуелните безбедносни предизвици, како и за соработката во рамките на евроатлантското сојузништво.

Од Министерството посочуваат дека посетата на министерот Муцунски на Вилнус се реализира во значаен момент, во пресрет на претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија во првата половина на 2027 година, период од особено значење за политиката на проширување и европските интегративни процеси.