– Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Џон Кенеди“, додека со намален притисок во водоснабдувањето ќе остане населбата Топанско Поле.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради изведување на водоводен приклучок Ф-250 на Ф-125 милиметри на улицата „Ферид Заири“ бр. 12.
Од претпријатието додаваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

