Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Тепачот Дудуш доби само опомена од судот, Исмаил ќе бара отштета

Тепачот Курто Дудуш доби само опомена. Тој призна дека го тепал Демир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тепачот Курто Дудуш доби само опомена. Тој призна дека го тепал Демир Исмаил, но не доби никаква казна, судот му изрече судска опомена. Градоначалникот на Шуто Оризари, и денеска повторно реши да ги избегне медиумите, но кратко говореше пред судијата Ѓоко Ристов, велејќи дека се кае за стореното.

-Жал ми е за стореното, се случи во афект. Јас со Демо сме долги години другари. Меѓутоа, се случи, тоа е. Му се извинувам, порача Дудуш пред судот.

Оштетениот Демир Исмаил, кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“ изјави дека е задоволен што Дудуш го призна делото. Најави дека преку граѓанска парница ќе бара финансиска отштета, а парите ќе ги даде во хуманитарни цели.

Реклама

-Јас сум презадоволен од денешното рочиште, по некој пат треба да се прости, нека му е за памет. Се договоривме, ќе има отштета, целата оштета ќе оди за децата кои се бездомни, кои се без родители во цела Македонија. Ќе треба и тој да е хуманитарен да даде што поголема оштета, таа оштета не е за мене, не ни ја сакам таа оштета, изјави Исмаил.

Помалку и чудно е што место казна Дудуш доби судска опомена, бидејќи ова не е единствен физички напад во кој учествувал градоначалникот на Шуто Оризари. Во аудио снимка која беше објавена пред неколку месеци се слуша како Дудуш лишува од слобода, тепа и измачува човек во неговиот кабинет.

Матеја Петровски