Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Тентов: Време е во Дојран да ја заокружиме промената што ја започнавме на 19 октомври

Дојран е скапоценост на Македонија, но таа скапоценост мора повторно да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојран е скапоценост на Македонија, но таа скапоценост мора повторно да биде препознаена. Ни треба развој, ни треба визија, обединување, а тоа може да го направиме заедно, рече Илија Тентов, кандидат за градоначалник на општина Дојран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот мини митинг во Дојран.

Тентов истакна дека со поддршката од Владата во Дојран ќе се реализираат проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. 

-На 2 ноември гласате за иднината на вашите деца, за нашето вековно езеро, за урбанизиран Дојран, почисти улици, подобар туризам, за поголеми инвестиции, за вистинска шанса младите да останат овде, во својот дом, истакна Тентов. 

Реклама

Тентов ги повика граѓаните обединето да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор за сигурна иднина и развој на Дојран, за како што рече „време е да ја потврдиме победата, време е да покажеме дека Дојран стои цврсто, обединет и достоинствен.

-Време е да ја заокружиме промената што ја започнавме. На 2 ноември да излеземе масовно, да ја подигнеме главата гордо и да гласаме за бројот 9. За работа, за сигурност, чесност и достоинство, за иднина. Да гласаме за Дојран што ќе блесне како никогаш досега, рече Тентов.