Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Телефонски разговор Муцунски- Нејнски: Македонија останува црвста на своите позиции, но покажува добра волја за разлика од Бугарија

Македонија останува цврста на своите позиции во спорот со Бугарија, но покажува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува цврста на своите позиции во спорот со Бугарија, но покажува добра волја за продолжување на дијалогот, нешто што не можеме да го видиме од бугарска страна. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со својата колешка, новоизбраната шефица на бугарската дипломатија, Надежда Нејнски. Упатил искрени честитки за нејзиното именување и и посакал успех во извшувањето на функцијата, на која ќе биде до парламентараните избори на 19-ти април. Но, покрај тоа, Муцунски иницирал и билатерална средба на која ќе се разговара за проблемите меѓу двете земји.

-Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период, напиша Муцунски.

Овој потег на македонските власти, доаѓа на една недела пред европратеникот Томас Вајц, пред Комитетот за наворешни работи на Европскиот Парламент да го презентира извештајот за напредокот на земјава. Тој нотира дека засега нема напредок во делот на уставните измени. Во документот се посочува дека застојот е поврзан со загриженоста од можни дополнителни билатерални прашања со Бугарија. Вајц оценува дека е потребно зголемување на политичката волја од двете страни за да се надмине ситуацијата.

Реклама

-Мораме целосно да ја поддржиме земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман за да ѝ помогнеме да напредува во исполнувањето на сопствените обврски и да ги надмине постојните пречки. Што се однесува до оваа институција, како и во претходниот извештајен период, останувам посветен на поттикнување стабилно, конструктивно, проевропско, продемократско и про-проширувачко мнозинство во поддршка на пристапувањето во ЕУ. Очекувам да ја обезбедам поддршката на сите пратеници кои ја споделуваат оваа стратешка цел, кажа Вајц.

Ова ќе биде втор извештај на Вајц за Македонија, по првиот кој беше усвоен лани летото. По гласањето тогаш, европратеникот оцени дека земјата покажала силна посветеност на европските вредности, но дека процесот на пристапување подолго време се соочува со предизвици поврзани со билатерални прашања.

Инаку, Владата останува на своите позиции, уставните измени се прифатливи со одложено дејство, односно внесување на Бугарите во Уставот по затворањето на кластерите, со цел да се избегнат идни блокади, како и меѓународната заедница да ја охрабри Бугарија да ги примени препораките на Европскиот суд за човекови права, за кои Владата посочува дека се однесуваат на правата на Македонците во Бугарија.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека постои опција Македонија да стане членка на Европската Унија во 2027-ма година, но без право на глас, како дел од сценариото позврзано со мировниот план за Украина. Според Мицкоски би било непренципиелно кон Западен Балкан, доколку на брза трака биде ставена само Украина, па затоа се повеќе се заговаралa опцијата на почетокот на следната година Црна Гора, Македонија и Албанија да станат членки на ЕУ. Со тоа ќе се дојде до учество во работата на советот, комисиите, телата и многу други надворешни механизми на Унијата.

Матеја Петровски