Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Прилози

Телефон или таблет за да се смири детето-се почеста навика која остава сериозни последици

Телефон или таблет за да се смири детето. Цртан филм додека јаде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телефон или таблет за да се смири детето. Цртан филм додека јаде или пред спиење. Се почеста навика  која доведува до промени во меморијата и однесувањето, задоцнет говор, задоцнет развој и лошо влијание на мозокот кај   малите деца до  10 годишна возраст. Многу е важно во првите пет години кога децата имаат интензивен развој да учат преку движење, допир, разговор и директен контакт со возрасните. Токму затоа педијатрите предупредуваат дека кога мобилните уреди заземаат премногу време тогаш се намалува времето за активности кои се важни за правилен развој на децата. Состојбата додаваат е алармантна и треба секој родител да знае што гледа детето и колку време поминува пред екран.

– Она што е битно и што треба да се знае е дека плавата светлина од екраните создава таков вид на зависност кои што нормално можеме да кажеме дека е равна на зависност од опијати и од дроги. Така што тоа е еден непобитен фактор каде што ние стручните лица и во самите препораки препорачуваме да стриктно биде забранет екранот од 0 до 3–вели педијатарот др. Ангелчо Андоновски

Педијатрите додавват дека ако оваа зависност зема поголем замав тогаш препорачуваат апстиненција и до една година. Последиците се огромни бидејќи кога изложеноста на екран  долго време го покачува нивото на кортизол и допамин, и децата стануваат вознемирени сонот им е пореметен а и нормалната  функција на мозокот.

Реклама

-И промените во ЕЕГ-то односно снимањето на мозочните бранови навистина  е еден вид на екранизам кое што на лице  при приказ на ЕЕГ буквално не може да се разликува од епилептични напади. Ќе кажам дека тие промени се застапени кај 90 посто од децата кои што се екранизирани–вели педијатарот др. Ангелчо Андоновски

Потенцираат дека кај школските деца не треба целосно да се забранат таблетите и телефоните бидејќи тие им се потребни и во секојдневната едукација,  но сепак треба да се има голема контрола колку време се поминува пред екраните. Особено многу е важно три часа пред спиење тотално да се забранат уредите, особено кај најмалите. Во најраната возраст најдобриот екран за детето е лицето на родителот бидејќи преку него детето учи да комуницира , да препознава емоции и да го запознава светот. Инаку според Светската здравствена организација целосно е забранет екранот од 0 до 3 години.