Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Текстилната индустрија се соочува со криза поради евтината работна сила во Бангладеш

Кризата во Европа, евтината работна рака во Бангладеш и силниот денар, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кризата во Европа, евтината работна рака во Бангладеш и силниот денар, се причини поради кои македонското текстилството пропаѓа во се подлабока криза. Само во минатиот месец во Штип се затворени три конфекции, а околу 100работници во кочанската „Артекс„ деновиве добија спогодбени отказни решенија, кои по консултација со трудови инспектори, одбиле да ги потпишат. Негативниот тренд го потврдуваат и од Организацијата на работодавачи, кои посочуваат дека само мината година, бројот на вработени  во текстилството се намалил за 8,9% .

„Само три конфекции овој месец во Штип, се затвориле. Но, бројот на работниците и оние што се уште работат е драстично намален. Ако биле 600-700луѓе, сесга се 200. Оние што биле 150 луѓе сега се 20. Се разбира овдека помалку паѓа производството на работна облека, кај нив нема таков пад. Но, она што се работи за модно производство, тоа целосно ќе замре„ изјави Ангел Димитров, од Организација на работодавачи.

Димитров, посочува дека лон производството, постепено згаснува поради високите трошоци во споредба со земјите од Далечниот Исток. Додава дека сличен процес  каде ваквиот процес имало во Полска, Чешка и Словенија. Во иднина ќе опстојат само капацитетите во кои ќе се работат мали серии и ситни налози заради близината со европскиот пазар.

Реклама

  „Ние во најдобрите времиња бевме во 2010-2011 година бевме 63.000 луќе. Во 2024година бевме 17.500, сега со овој пад некаде околу 15-16.000 луѓе. Значи не верувам дека тоа многу долго ќе оди, можеби за пет години ќе паднеме на 5000. Тоа е пад кој што не можеме да го избегнеме„ изјави Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

 Во изминатата година, над десет конфекции во источниот регион беа затворени, најмногу во Штип, Кочани и Делчево. Кризата е тесно поврзана со влошената економска состојба во Европа, како и со пренасочувањето на модните брендови кон пазарите со поевтина работна сила.