Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Технолошко-металуршкиот факултет на УКИМ доби нова лабораторија за органска хемија

На Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска беше отворена новата Лабораторија за органска хемија.

Инвестицијата за едукативно-научната лабораторија е во вредност од 2 милиони денари и е обезбедена со поддршка од УКИМ, Министерството за образование и наука и со сопствени средства на факултетот. 

Лабораторија има современа опрема и ќе овозможи унапредување на наставно-научната работа и создавање подобри услови за едукација и истражување во областа на органските технологии.

Реклама

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека лабораторијата е  од исклучителна важност особено затоа што ваков тип истражувачка инфраструктура е потребна за СТЕМ-науките. Неа ќе може да ја користат професори во високото образование, научни истражувачи, студенти, но и средношколци. 

– Бидејќи со законот за високо образование предвидуваме дополнително универзитети за применети науки, оваа лабораторија ќе може да се користи и за оние кои не се во академската заедница, но сакаат да ги подобрат своите перформанси на пазарот на трудот или во компаниите. Уште една додадена вредност е што лабораторијата ќе може да ја користат и ученици, во согласност со законот за средно образование, изјави Јаневска.

Нагласи дека ова е дел од голем број инвестиции во науката и во високото образование на МОН, во соработка со универзитетоте, и оти очекува тоа да го подигне квалитетот во виското образование, науката и стопанството. 

Деканот на Техношко=металуршкиот факултет на УКИМ, Игор Јорданов, изјави дека во реновираната лабораторија за органска хемија нивните студенти ќе имаат можност да се едуцираат и да истражуват на современ начин. 

-Финансирана е од МОН, Ректоратот и од сопствени средства. Сакаме да покажаме дека факултетот има модерни лаборатории кои може да ги користи и наставниот и научниот кадар. Покрај за научни и едукативни цели, неменета и за средношколци за практична работа по хемија, билогија и физика, рече Јорданов. 

Ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, истакна дека возобновувањето на лабораторијата е уште еден исчекор на УКИМ во инвестирањето во истражувачка инфраструктура и во залагањето науката да биде ставена во функција на наставата. 

-Затоа што нема квалитетно високо образование без квалитетна наука, без инкорпорирање на најсовремените научни резултати во наставата. Се надеваме дека студентите ќе ја користат максимално лабортаоријата под менторство на нивните професори, рече Ангелова. 

Додаде дека органската хемија има широка примена – во фармацевтската и прехранбената индустрија, во современи материјали и енергетика.