Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

Таравари му се вовлекувал на Мицкоски, му пропадна „Ѓоќа“, па сега му се вовлекува на Али Ахмети- каков политичар е екс министерот?!

Арбен Таравари прво му се вовлекувал на премиерот Христијан Мицкоски, па лут…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари прво му се вовлекувал на премиерот Христијан Мицкоски, па лут бидејќи му пропадна зделката со „Ѓока констракшн“ од Албанија, за 20 годишно стопанисување со паркингот на Клинички, почнал да му се додворува на Али Ахмети. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека таков бил односот на лидеорт на едно од крилата на Алијанса за Албанците. Според Мицкоски, додека биле во коалиција, Таравари жестоко го критикувал ДУИ, за потоа да стане партнер на Ахмети.

-Односите кои што ги имавме со господинот Таравари, кои што беа исклчутилено вовлекувачки од негова страна. Така што претпостапувам дека тој принцип на вовлекување кој што го применувал кон мене, сега го применува кон нивниот нов коалиционен партнер, а тоа е ДУИ. Тогаш во комунакцијата со мене, сега претпоставувам во комуникацијата за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети, ме критикува мене, изјави Мицкоски. 

Тарави упати обвинувања дека Вреди биле само декор во власта, колку да се кажело дека има албански претставници. Мицкоски вели ваквите зборови се далеку од реалноста, а односите во коалицијата ги оцени како добри.

Реклама

-Јас се уште не можам да се изначудам зошто господинот Таравари тагува по Ѓока бизнисот, кој што не му успеа и во јавноста измислува работи кои што немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Инаку, јас многу пати сум ги коментирал однососите во Владата и односите со нашиот партнер, инаку можам да кажам дека се исклучително принципиелни, изјави Мицкоски.

Каков ќе биде односот во силите меѓу коалиционите парнтери, ќе се знае по реконструкцијата на Владата. Мицкоски најави дека таа ќе биде во текот на мај или јуни, пред што ќе има разговори меѓу сите парнтери во власта, односно ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

Матеја Петровски