Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Таравари: Им посакувам успех на „Влен“, но ние ќе одиме со свои кандидати

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека се радува што коалицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека се радува што коалицијата „Влен“ се обединила и им посака успех, но најави дека Алијанса за Албанците на локалните избори ќе настапи со свои листи и, најверојатно, со сопствени кандидати за градоначалници.

– Вчера „Влен“ се обедини, им посакувам многу успех. Многу се радувам што се споија трите партии. Подобро една партија отколку три. Им посакувам успех на изборите. Ние, како Алијанса, ќе излеземе со наши сопствени листи и најверојатно со наши кандидати за градоначалници – изјави Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето дали ова значи дека Алијанса веќе не е дел од „Влен“ и дали нивните пет пратеници ќе го известат претседателот на Собранието, Африм Гаши, дека ќе дејствуваат како посебна пратеничка група, Таравари одговори дека таква одлука сè уште не е донесена.

Реклама

– Засега немаме донесено таква одлука. Но, ако се иницира, имаме пет пратеници и тие ќе продолжат како пратеничка група, а „Влен“ ќе си има своја – рече Таравари.

Тој повтори дека не поддржува идеја за предвремени парламентарни избори, што, како што рече, е и став на партијата.

– Постојано кажувам дека не сум за предвремени избори. Постојано има стабилно мнозинство, без разлика дали сме ние во влада или не. Сметам дека треба да се одржат редовните локални избори. Целта ни е да постигнеме што подобар резултат и да победиме во што повеќе општини – истакна Таравари.

Тој додаде дека штом премиерот Христијан Мицкоски се врати од Шпанија, ќе одржат состанок. Не прецизираше кога точно, но рече дека се во редовна комуникација.