Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Економија

Tензична собраниска комисија за менување на законот за работни односи

Тензичен прв ден од комисиската расправа за измените на Законот за работни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тензичен прв ден од комисиската расправа за измените на Законот за работни односи. Низа процедурални забелешки и никаков коментар од пратенците од власта дали Македонија ќе плаќа милионски пенали на „Бехтел и Енка“ ако не се изгласа да се работи на Коридорите 8 и 10 д  60 часа неделно.

Уште на стартот на седницата, ВМРО – ДПМНЕ побараа повлекување на претседателот на комисијата Елми Азири бидејќи доаѓа од Алијанса која сега е дел од власта, и побараа со истата да претседава заменикот Рашела Мизрахи. Азири го одби ова барање .

Доколку не се донесат измените со кои работниците на Коридорите 8 и 10 д ќе може да работат 60 часа неделно, и недела ќе биде работен ден за овие работници, Македонија ќе треба да плати милионски пенали на „Бехтел и Енка“ , обвинија од ВМРО – ДПМНЕ. Од опозицијата обелоденуваат дека Владата потпишала спогодба со изведувачот дека ќе исплати милиони евра доколку измените не се донесат за 45 дена  и побараа истата да им биде доставена на увид па потоа да има расправа.

Реклама

Вие имате обврска пред нас пратениците, а пред своите гласачи имате должност Владата да ја убедите и да ја побарате спогодбата од Ковачевски и Артан Груби, да видиме што потпишале какви обврски презеле, рече Антонијо Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ

Да го доставите материјалот, односно договорот. Оти само документирано некој, па нека е и претседател на собрание и претседател на комисија може да докаже итност, порача Гордана Силјаноска Давкова од ВМРО – ДПМНЕ.

Револтот кај синдикатите за измените се крена на максимум , а токму овие решенија претходно не добија амин од Уставен суд.

По крајот на првиот комисиски ден, од Владата за дел од медиумите негираа дека ќе се исплаќаат пенали доколку не се донесат измените на Законот за работни односи, но тоа ќе го пролонгирало рокот за изградба од 5 години, а пробивањето на крајниот рок ќе требало да се плати од народни пари.

Кристина Алексиеска