Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска на подрачјето на Полициското одделение Мирковци во општина Чучер Сандево спроведоа превентивна активност за заштита од пожари.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во разговорите со жителите била потенцирана потребата од континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, како и фрлање отпушоци, со цел навремена реакција на институциите и спречување на пожари.

– Граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари – стои во објавата на МВР на фејсбук.

Реклама

Во меѓувреме, како што се дополнува, Отсекот за превенција при СВР Штип вчера на Градскиот стадион во Штип ја реализирале кампањата „Навивај безбедно за нашиот клуб“ во пресрет на фудбалски натпревар. Активноста била насочена кон подигнување на свеста за спортско и фер навивање, како и кон спречување нарушувања на јавниот ред и мир и други инциденти поврзани со спортските настани.

Истиот ден, во вечерните часови, полициски службеници од ОВР Кочани реализирале соседска патрола на подрачјето на општина Зрновци, при што оствариле повеќе средби со граѓани. На средбите се разговарало за безбедноста на младите, спречувањето на меѓуврсничкото насилство и одржувањето на стабилен јавен ред и мир.