Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Светски реномираната научничка и истражувачка во областа на биохемијата, Светлана Мојсов ќе одржи предавање во МАНУ

Светски реномираната научничка и истражувачка во областа на биохемијата, Светлана Мојсов денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светски реномираната научничка и истражувачка во областа на биохемијата, Светлана Мојсов денеска ќе одржи предавање во Македонската академија на науките и уметностите.

Темата на предавањето е „„GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“,

-Македонската академија на науките и уметностите има чест да ве покани на пристапното предавање на проф. Светлана Мојсов, член на Академијата надвор од работниот состав, на тема: „GLP-1: Chemistry matters: From a Putative Peptide to Effective Medicines for Diabetes and Obesity“  („GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“) – се наведува во најавата на МАНУ.

Реклама

Пригоден говор на настанот ќе одржи академик Димитар Ефремов.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во саботата на свечена церемонија ја одликуваше светски реномираната научничка и истражувачка Мојсов, со Орден „8 Септември“, за нејзиниот извонреден и фундаментален придонес кон светската наука и афирмацијата на државата во меѓународните интелектуални кругови.

Сиљановска-Давкова во обраќањето ја истакна нејзината долгогодишна научноистражувачка работа, особено нејзиниот придонес во синтезата на пептиди и истражувањата поврзани со глукагонот и глукагон-сличниот пептид 1 (GLP-1), врз кои денес се базираат терапии за дијабетес и дебелина.

null

Светлана Мојсов е родена на 8 декември 1947 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршила во родниот град, а во 1971 година дипломирала физичка хемија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Белград.

Во 1972 година се запишала на докторски студии на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк, каде што работела под менторство на Брус Мерифилд. Докторирала во 1978 година, а нејзините истражувања се фокусирале на синтеза на пептиди во цврста фаза, што кулминирало со синтезата на панкреасниот хормон глукагон.

Во 1983 година се преселила во Бостон и започнала работа во Одделението за ендокринологија на Општата болница во Масачусетс. Во соработка со Џоел Хабенер и Гордон Вир, учествувала во истражувањата што довеле до идентификација на глукагон-сличниот пептид 1 (GLP-1), хормон кој го стимулира создавањето инсулин и има значајна улога во метаболизмот на глукозата.

Во 1990 година Мојсов се вратила на Рокфелеровиот универзитет, каде што е избрана за доцент, а од 2002 година е вонреден професор за истражување.

Нејзината работа во областа на биохемијата и истражувањето на GLP-1 има значајно влијание врз современиот третман на дијабетесот и дебелината, а како резултат на повеќедецениската научноистражувачка работа произлегле и девет значајни патенти.