Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Светски ден за подигнување на свеста за ХПВ – сериозен, но превентабилен здравствен проблем и за жените и за мажите

– На 4 март го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На 4 март го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за хуман папилома вирусот (ХПВ) – еден од најчестите вируси што се пренесуваат по сексуален пат и главен причинител на карцином на грлото на матката. Овој ден е потсетник дека станува збор за сериозен, но превентабилен здравствен проблем – соопштија денеска од Македонската асоцијација на гинеколозите и опстеричарите (МАГО).

– ХПВ претставува група од повеќе од 200 типови на вируси, од кои 40-ина се пренесуваат преку сексуален контакт. Се проценува дека повеќе од 80 проценти од сексуално активните лица ќе дојдат во контакт со вирусот барем еднаш во текот на животот. Кај повеќето инфекцијата поминува без симптоми и организмот сам ја елиминира. Но, кај некои од лицата вирусот може да перзистира и со тек на време да доведе до преканцерозни промени и карцином – информираа од МАГО.

Во нашата држава карциномот на грлото на матката е меѓу најчестите малигни заболувања кај жените. Годишно се регистрираат од 150 до 170 нови случаи. Инциденцата изнесува 20-ина нови случаи на 100.000 жени годишно, што е повисоко од посакуваните европски стандарди. Дополнително загрижува фактот што се регистрираат случаи и кај многу млади жени.

Реклама

– Речиси 99 проценти од случаите на карцином на грлото на матката се поврзани со долготрајна инфекција со високоризични типови на ХПВ. Ова ја прави оваа болест една од ретките малигни болести што може ефективно да се превенира – потенцираа од МАГО.

Вакцинацијата е клучна превентивна мерка. Како што нагласија од МАГО, кај нас ХПВ-вакцинацијата е дел од националниот календар за имунизација и се препорачува и за девојчиња и за момчиња во адолесцентна возраст. Вакцината е безбедна, ефикасна и обезбедува заштита од најчестите високоризични типови на вирусот.

– Сепак, опфатот со вакцинација во земјата изнесува 50-55 проценти, што е значително под препорачаниот опфат од најмалку 90-95 отсто потребен за колективна заштита. Ова укажува на потребата од дополнителна едукација и подигање на јавната свест – додадоа од МАГО.

Меѓународните искуства покажале дека земјите со висок опфат на вакцинација бележат драматично намалување на преканцерозните промени и на новодијагностицираните случаи на карцином на грлото на матката кај младите генерации.

Скринингот спасува животи.

– Покрај вакцинацијата, редовните гинеколошки прегледи се од суштинско значење. ПАП-тестот и ХПВ-тестирањето овозможуваат рано откривање преканцерозни промени кога третманот е едноставен и високо успешен. Важно е да се нагласи дека ХПВ-инфекцијата често не предизвикува симптоми, па затоа редовните контроли се неопходни, дури и кога лицето се чувствува здраво – истакнаа од МАГО.

Нагласија дека ХПВ не е болест на одредена група – туку ги засега и жените и мажите. 

– Стигмата, дезинформациите и стравот може да доведат до одложување на вакцинацијата и прегледите. Едукацијата, отворениот разговор и поддршката од здравствените институции се клучни за заштита на идните генерации. Со комбиниран пристап – висока стапка на вакцинација, организиран скрининг и информирана популација – можно е значително намалување, па дури и елиминација на карциномот на грлото на матката како јавно-здравствен проблем. Четврти март е потсетник дека превенцијата е во наши раце. Информираноста, навремената вакцинација и редовните прегледи спасуваат животи – апелираа од МАГО.