
Во Штип ќе се отвори првиот центар за рехабилитација на лицата со попреченост во државата. Изградбата и опремувањето на центарот, кој ќе биде сместен во просториите на средното текстилно училиште, ќе чини околу 11 милиони денари, а 11% од проектот ќе го кофинансира општина Штип.
Центарот ќе може секојдневно да прима околу 25 младинци, а главната цел ќе биде имплементирање на работна терапија. Во проектот ќе бидат вклучени и компании каде што лицата со попреченост ќе имаат можност да работат.
