Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

Светот е во исчекување за мировните преговори од страна на Украина и Русија

Додека светот е во исчекување за мировните преговори од страна на Украина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека светот е во исчекување за мировните преговори од страна на Украина и Русија за ставање на крај на војната, украинскиот претседател Володомир Зеленски оствари средба со својот колега Реџеп Таип Ердоган во Анкара. Зеленски откри кои функционери ја сочинуваат делегацијата од Украина и потврди дека на преговорите кои сепак ќе се случеле утре на преговарачката маса ќе бидат и делегации на САД и Турција.

„Ќе размислиме што ќе правиме, какви ќе бидат нашите чекори по разговорот со претседателот Ердоган. Мислам дека ќе имаме неколку часа за важен разговор, многу важни одлуки. Мора да разбереме на кое ниво е руската делегација, каков мандат имаат. Дали се способни сами да донесат барем нешто“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека целата ситуација околу мировните преговори кои ќе се случат во Истанбул се интригантни, велејќи дека никој не очекува лесен процес.

Реклама

„На почетокот Зеленски даде некакви изјави со кои бараше Путин да дојде лично. Па, патетична личност, тоа е очигледно за сите, освен можеби нему и на оние што го користат како марионета. Потоа постарите другари му објаснија дека не треба да се однесува толку глупаво и дека преговорите се неопходни“ вели Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп пред новинарите изјави дека ништо нема да се случи се додека тој не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, во ред? И очигледно – тој не планираше да оди. Сакаше да оди, но мислеше дека јас ќе бидам таму. Тој нема да оди ако не сум и јас таму и не верувам дека нешто ќе се случи, без разлика дали ви се допаѓа или не, додека јас и тој не се сретнеме. Но, ќе мора да го решиме тоа бидејќи премногу луѓе умираат“ вели Доналд Трамп, претседател на САД

Претходно руска и украинска делегација се најдоа на преговарачка маса во Џеда, Саудиска Арабија каде изнајдоа делумно решение за прекин на огнот во времетраење од 30 дена.

Давид Крстевски