Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Свет

Светата миса во Ватикан без присуство на папата Франциск кој закрепнува по здравстените проблеми

Денеска, во срцето на Ватикан, со свечена литургија во базиликата Свети Петар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во срцето на Ватикан, со свечена литургија во базиликата Свети Петар, се одбележува Велигден, најголемиот христијански празник. Илјадници верници од целиот свет се собраа да го прослават денот на Христовото воскресение, иако без лично присуство на папата Франциско, кој продолжува со закрепнување по сериозни здравствени проблеми. Наместо него, светата миса ја предводеше италијанскиот кардинал Анџело Комастри, кој во своето обраќање упати порака на охрабрување и молитва за здравјето на Светиот Отец.

„Молиме за здравјето на папата Франциск. Иако не е физички со нас, неговата духовна сила и порака на мир се присутни меѓу нас денес“, изјави италијанскиот кардинал Анџело Комастри.

Папата неодамна беше пуштен од болница по повеќенеделно лекување, но според официјални извори од Ватикан, неговите говорни и физички способности сè уште се ограничени, и лекарите препорачуваат целосен одмор.

Реклама

Во Рим се проценува дека овој велигденски викенд го посетуваат над еден милион луѓе, а меѓу нив и американскиот потпретседател Џејмс Доналд Венс, кој присуствуваше на мисата со своето семејство.

„Овој ден за мене и моето семејство има длабоко значење. Присуството овде е благослов и потсетник на вредностите кои не обединуваат“, изјави потпретседателот на САД, Џејмс Доналд Венс.

А додека светот го слави воскресението на Христос, пристигна и веста за привремено примирје меѓу Русија и Украина во чест на Велигден. Двете страни се согласија на прекин на огнот, поттикнати од меѓународни апели за мир. Велигденското примирје треба да трае до вечерва на полноќ по локално време.

Велигден 2025, велат од Ватикан, не е само празник на надеж, туку и симбол на можноста за обновување на човештвото. Пораката е јасна, да воскресне и мирот, не само Христос.