Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Судството бара нереално висок буџет, далеку над европскиот просек – Мицкоски со статистика

Платите на судиите и обвинителите очигледно нема да растат и нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платите на судиите и обвинителите очигледно нема да растат и нема да добијат поголем колач од државниот буџет, за кој подолго време грчевито се борат. Премиерот Христијан Мицкоски подготвен со статистика и пракса на европските земји направи споредба според која нашите претставници на третата власт бараат 75% повисок буџет од европскиот просек. Грција, Франција, Молдавија, Словенија, па дури и Албанија, од земји со равиени економии, па се до кандидатки за влез во ЕУ, ниедна земја не издвојува 1,3% од бруто домашниот производ за правосудството.

„Ќе презентирам една анализа за македонските граѓани. Ова е европски извештај. Буџетот што ние како држава го издвојуваме за правосудството е 0,39 отсто од нашиот бруто-домашен производ. Соседна Грција издвојува 0,26 отсто, Франција 0,2 отсто. Германија издвојува 0,3 отсто, а европскиот просек е 0,31 отсто од бруто-домашниот производ, а медијаната е 0,28 отсто. Ние издвојуваме повеќе и од медијаната и од европскиот просек или во бројки повеќе од 75 отсто од земјите членки на ЕУ“, вели премиерот Мицкоски.

Државниот обвинител Коцевски од собраниска говорница се жалеше дека немаат пари ниту луѓе за да може да си ја вршат работата. Дури и судиите минатата недела го искараа премиерот дека ја преминал границата со изјавата дека  со довербата на граѓаните од само 2 %, тие не заслужуваат поголем буџет и повисоки плати. Меѓутоа, јавноста ги памети и чарлиевите анѓели на Катица Јанева кои работеа за вртоглави хонорари, а кредибилитетот им го сруши ташна Луј витон полна со пари.

Реклама

Во минатото имавме експерименти кога обвинители земаа и по десетпати поголеми плати од тоа што земаа нивни колеги, па знаете како завршија со торбички ‘луј витон’ , со исплатени хонорари, кои се бројат во десетици или стотици илјади евра. Гледаме како заврши правдата, вели премиерот Мицкоски.

Веќе во владина процедура се: Законот за судски совет, за измени на плати на судии i обвинители, судска служба и јавнообвинителска служба, платите на членовите на Судски совет и Совет за јавни обвинители, Законот за спречување на корупција и судир на интереси, за заштитено пријавување и заштита на укажувачи, за парнична постапка, процена, вештачење, и за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Жешкиот костен, Законот за судскиот буџет во моментов се подготвува во Министерство за правда. Истоввремено, се работи и на законите за судови и за Академија за судии и јавни обвинители.

Со ова, Владата всушност го турка најобемниот правосуден реформски пакет од закони во последните години. Очекувањата се пакетот во нареден период да влезе во Собрание со што ќе се заокружат приоритетите во реформата на правосудството.