Судскиот совет расправаше за извештајот на работната група која што влезе во скопска Апелација да провери неколку предмети кои ги работел судијата Ѓоко Ристов, а за кои добил претставки во Советот. Во предметите имало повеќе неоправдани одлагања на судења, еден предмет застарел, а се сомневаат и во несовесно работење.
Апелацискиот судија Ѓоко Ристов е во куќен притвор од 20 јануари, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени околу 350.000 евра сокриени во ѕид, а тој е осомничен за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот.
