Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Судски совет за пресудата за Теодора: Судијата Ељведин Ферати постапил според закон

Судскиот совет пресече – Ељведин Ферати донел пресуда како што треба –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет пресече – Ељведин Ферати донел пресуда како што треба – не смеел да пресуди повеќе од две години за возачот кој ја прегази 22 годишната Теодора. Тричлената комисија во Судскиот совет не најде погрешно постапување на ниту еден од трите судови кои одлучувале. Последно, судијата Ферати согласно одлуките кои претходно ги донеле гостиварска апелација и Врховниот суд, не смеел да ја зголеми казната на штета на Менсур Пајазити во однос на квалификацијата на делото и на кривичната санкција.

Работите, според образложението на Судски совет би биле поинакви, ако на првостепената пресуда кога возачот Менсур Пајазити беше осуден на три години и шест месеци, се жалело и Обвинителството. Тогаш, при повторување на постапката, судијата ќе можел да одреди и повисока казна. Но, не само што Основното обвинителство-Тетово немало жалба, туку Вишото јавно обвинителство, прво барало да му се потврди казната, а потоа се предомислило и барало пониска казна. И така била изречена последната санкцијата од две години затвор.

Претходно, сомнежи за политичко влијание, мито и корупција изрази семејството на смртно прегазената Теодора Ристовска, за пресудата која ја донесе судијата од тетовскиот суд Ферати. Тие со писмо до јавноста, изразија надеж дека Судскиот совет соодветно ќе реагира за две-годинишната затворска казна за шоферот Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22 годишната Теодора. Децидни се дека до крај ќе ја бараат правдата за нивната сестра и ќерка и се заблагодарија на медиумите и премиер Мицкоски за заинтерисираноста за случајот.

Реклама

Семејството прашува и зошто од иницијативата „Кој е следен“, не се заинтересирале за нивниот случај, иако, како што велат, се претставуваат како борци против корумпираниот систем.