Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Судењето за „Онкологија“ одложено за 8 октомври

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти се одложува за 8 октомври, откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство.

– Со оглед предлогот упатен до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со кој се бара преземање на кривично гонење, по кој поднесок е потребно да одлучи јавниот обвинител на Македонија, судот констатира дека не се исполнети законските услови за водење на постапката од кои причини глабната расправа се одложува за 8 октомври, изјави судијката Снежана Марковска.

Пред почетокот на рочиштето бранителот на Васев, адвокатот Боро Спирковски достави до Судот барање за делегирање на надлежност од ОЈО Скопје на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и тој целосно да ја преземе постапката или да го делегира на друго јавно обвинителство.

Реклама

Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, побара одложување на денешното рочиште, за како што рече, не може да се произнесе по ова барање и мора да го достави до таму каде што тоа е упатено.

Бранителите на првообвинетиот Нино Васев, адвоктите Мартин Митровски и Никола Ставрев пред почетокот на денешното рочиште го известиле Судот дека го повлекуваат полномошното, а нови бранители на Васев се адвокатите Дељо Кадиев и Спиро Ристовски.

Денешното рочиште требаше да продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои дел беа повикани денеска во Основниот кривичен суд Скопје.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред судот, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.