Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Судењето за Кочани, како најобемен случај во нашата историја, може да трае со години, ако не дури и цела деценија

Долги години, а можеби и децении ќе трае судењето за трагедијата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долги години, а можеби и децении ќе трае судењето за трагедијата во Кочани со оглед на тоа што има околу 1500 докази и безмалку 300 сведоци.

Обвинението за пожарот во Кочани е распослано на 165 страници и ја пресликува  нефункционалноста на институциите во последниве 13 години. Најмалку 3, а најмногу 20 години затвор ги чека триесет и четворицата обвинети. Според обвинението никој не работел законски.

Во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, во Кочани, Виница, Штип и Скопје, повеќе одговорни и службени лица и други НН службени и одговорни лица, заеднички со учество во дејствие на извршување на кривично дело или со друг особен придонес, воопшто не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери“, Извадок од обвинението.

Реклама

Проектантката на објектот, обезбедувањето, пазарните, градежните и локалните инспектори, службеници од Министерството за економија,тројцата поранешни градоначалници и двајцата поранешни министри не вршеле контроли и инспекции, а само еден зел мито. Службеникот од Министерството за економија на двапати зел по 200 и 3600 евра за лиценците на дискотеката „Пулс“. Џеваир Камбери, во 2019 побарал и добил 200 евра од првосомничениот сопственик на „Пулс“ Дејан Јованов, без да биде спроведена постапка за добивање лиценца. Истото се повторило и во 2024 година. Тогаш митото било поголемо.

Со свој потпис и со службен печат овозможил правење службена исправа со невистинита содржина Лиценца за вршење на угостителска дејност што се издава согласно чл.20 од Законот за угостителската дејност на начин што откако претходно од обвинетиот Дејан Јованов побарал парична награда.Во просториите на Министерството за економија од обвинетиот Дејан Јованов примил подарок – парични средства во износ од 226.000 денари, по што веднаш потоа, без да биде спроведена законски пропишаната постапка, на обвинетиот Дејан му издал фалсификувана службена исправа“, Извадок од обвинението.

Покрај 34 обвинети меѓу кои се синот и братот на Дејан Јованов, се гонат и фирмата чија е дискотеката, како и фирмата за обезбедување и проектантско друштво. Во затворски и куќен притвор се петнаесетмина обвинети. Обвинението се уште нема добиено оценка од Кривичниот суд во Скопје. Најверојатно ќе се суди во големата судниа во Идризово бидејќи во кочанскиот суд немаше судии. Според праксата, ваквите судските процеси во Македонија траат цела вечност и завршуваат неславно. Јавноста ги памети „Змиско око“,„ Армиско оружје“,„Тенковски делови и ред други, судења што траеа повеќе и од 10 години, а повеќето застареа или се уште се судат.