Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Судење за милионскиот криминал во ЕСМ – Обвинетите во „Адитив“ негираат вина

Милионските тендери во ЕСМ за кои им се суди на поранешни директори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милионските тендери во ЕСМ за кои им се суди на поранешни директори и нивни блиски, биле чисти без никакви злоупотреби, тврдат сите обвинети во случајот „ Адитив“ . Освен Васко Ковачевски кој е во бегство, тие седнаа на обвинителна клупа во новата судница близу Идризово. Најголем дел од нив ангажирале двајца до тројца адвокати да ги бранат.

Негираат вина за сите дела што им се ставаат на товар, злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службената положба и несовесно работење. Адвокатите тврдат ќе има вештачења од експерти коишто ќе ја побијат теоријата на Обвинителството дека обвинетите со злоупотреби на тендери за јавни набавки на адитиви, го оштетиле државниот буџет за 6, 4 милиони евра.

Наспроти ова, Обвинителство со котра тврдења. Обвинителката Наташа Трајкова на минатото роиште рече дека ќе докажат организирано злосторничко здружување преку кое обвинетите се богателе на сметка на државниот буџет.

Реклама

Посочи дека обвинетите директори од ЕСМ наместо да ја гарантираат енергетската безбедност на државата, работеле само за свој интерес иако државата им доверила клучни позиции во енергетскиот сектор. Покрај ова, тие во криминалната шема ги вклучиле и своите блиски роднини и познаници.

Истрагата за „Адитив“ откри и дека еден од обвинетите, Небојша Стојановиќ, кој е поранешен директор на ТЕЦ Неготино, комуницирал со актуелната претседателка наАнтикорупциска ), Татјана Димитовска. Според сомнежите, таа со него споделувала информации за постапки кои се воделе против него воАнтикорупциска, а кои беа потоа отфрлени од овој состав на комисијата. Истрагата за овој случај се ушпте е во тек.

Обвинителството ќе докажува дека групата на чело со поранешните директори на  ЕСМ, Васко Ковачевски и Васко Стефанов и раководните структури во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, преку пререгистрација на фирми и договарање меѓу економски оператори местеле тентери за набавка на адитиви за јаглен. Ги плаќале неколку кратно по повисока цена, а адитивите не само што не се користеле туку биле и опасни по здравјето на луѓето. Според обвинителството, парите од зделките ги вратиле во оптек и ги прикривале преку трансакции и подигнување готовина. Во случајот се обвинети 31 физичко и пет правни лица.