Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Судење „Пулс“: Градежните инспектори и екс градоначалниците негираат вина

Градежните инспектори и поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека пожарот во „Пулс“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните инспектори и поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека пожарот во „Пулс“ не се случил поради нивни пропусти и негираат вина. Тројцата општински градежни инспектори од Кочани пред судскиот совет изразија жалење и сочувство до семејствата, но и останаа на ставот дека причината за пожарот е употреба на пиротехника, а не пропуст во градежната конструкција на дискотеката. Не добиле никаква пријава или наредба да извршат инспекција Нивните бранители предложија и нови докази. Во судница ќе донесат и сведоци кои ќе појаснат кои се надлежностите на градежната инспекција, но ќе приложат и ново вештачење кое треба да ги даде сите одговори поврзани со локалот, неговато реновирање и пренамена.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски исто така тврди дека е невин. Во неговото сведочење потенцираше дека уште кога дознал дека ќе се отвара дискотека во 2012, пратил допис до Министерството за економија, но никогаш не добил одговор. Неговата одбрана истакна дека општината не е надлежна за лиценците и за контрола на дискотеките, обвинетиот не одобрил пренамена на објектот, а немал ниту ингеренции да контролира дали се применува пиротехника, па не може да биде виновен. Никогаш во животот не сум помислил дека ќе застанам на обвинителна клупа за нешто што единствено јас пред 13 години сум бил против, подвлече екс градоначалникот.

И екс градоначалникот Љупчо Папазов кој си поднесе оставка од морални причини негира вина и вели дека кобниот ден направил се што треба. Ја мобилизирал општината во интерес на истрагата и си поднел оставка. Тврди дека е невин, а најави и докази коишто според него на многумина нема да им се допаднат, но се во интерес на судската постапка.

Реклама

Пред почетокот на судењето, родителите на загинатите ги пречекаа обвинетите со голем транспарент и фотографии од жртвите. Две мајки им порачаа на обвинетите дека иако тие се изјаснија за невини, транспарентот сведочи за нивната вина.

Судењето продолжува наредната недела со воведни зборови на обвинетите и нивните адвокати.