Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди 

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени – тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден кој е во странство, за кои, како што велат, важи можноста доколку не се достапни да се бара да се прочитаат нивните искази. 

Со тоа се завршува со вербални докази и како што беше посочено се очекува да се започне со изведување на судско – медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите во пожарот.

Реклама
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи с

По изведувањето на обдукциските наоди и она што е констатирано, како што е најавено, ќе биде повикано вештото лице кое ќе одговори на се она што не било одговорено или отворило прашања во јавноста. 

Од Обвинителството не може да кажат колку рочишта ќе бидат потребни за изведување на материјалните докази, и тоа, како што посочи, зависи и од одбраната и дали и колку ќе има опструкции, но тоа е работа на судот да се грижи за економичност и ефикасност на постапката.

Исклучувањето на јавноста, како што укажа обвинителството, ќе се бара во зависност од начинот на изведувањето на доказите и колку ќе се дозволи длабочина во изведувањето. 

Судскиот процес започна на 19 ноември минатата година, по што во судницата во КПУ „Идризово“ во Скопје, досега беа сослушани сослушани родителите, преживеаните, гости во клубот, инспектори, претставници на институции и општина Кочани, како и членови на бендот, кои настапувале таа вечер. 

Судењето го води судијката Дијана Грувеска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.