Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Студен туш од Брисел – границите остануваат затворени за македонските граѓани поради пандемијата

Македонските државјани остануваат и понатаму непожелни во земјите членки на ЕУ.Драматичнoто зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските државјани остануваат и понатаму непожелни во земјите членки на ЕУ.Драматичнoто зголемување на бројката на заболени со Ковид 19 во Македонија – ни ги остава спуштени рампите за патување. Според најновата нацрт листа на ЕУ, објавена од „Еуроњуз“ – само 15 држави ќе можат слободно да патуваат во европските земји. Од земјите од Балканот на листата се само Србија и Црна Гора. Покрај нив, во Европа би смееле да влезат и граѓани на –Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Како што пошува „Еуроњуз“, имало  доста несогласувања меѓу државите околу критериумите за носење на оваа одлука бидејќи дел од нив сметале дека податоците за стапките на заразени со Ковид-19 не се веродостојни.

Истовремено, аеродромите во Скопје и во Охрид се отвораат в среда со летови на „Визер“. Првите туристи во земјава ќе дојдат од Холандија и Полска.

Реклама

„Она што е најважно за патниците е следното – да пристигнат на аеродромите најмалку три часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание“, – вели Алпер Ерсој – директор на ТАВ – Македонија.

И нашиот јужен сосед Грција, ги отвора сите аеродроми за патници од странство, како и седум копнени гранични премини, меѓу кои и Евзони на македонско-грчката граница, но до утре ќе се знае дали ќе ја отвори границата и за Македонците.

Македонските граѓани без тест и карантин може да патуваат само во Србија, Албанија, Косово и Турција, а кај нас може да влезе странски државјанин без да се тестира и да оди во задолжителна самоизолација. Македонските државјани може да заминат во  Бугарија, Хрватска и Црна Гора, но таму ќе мора да бидат во 14 дневен  карантин.

 

Ања Василева