Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Струшки комуналец ги чисти плажите долж крајбрежјето

Концесионерите на плажите на струшкото крајбрежје да го одржуваат јавниот простор, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Концесионерите на плажите на струшкото крајбрежје да го одржуваат јавниот простор, во спротивно секоја интервенција на екипите на јавното претпријатие „Комунално“ ќе биде фактурирана на одговорните, односно правните лица.

Тоа го посочи денеска директорот на претпријатието Ресул Чолаку, по интервенцијата на потегот од хотел „Евро“ кон реката Сатеска.

– Деновиве имаме акција за чистење на струшкото крајбрежје. Собрани се големи количини отпад, а акцијата продолжува и утре, изјави Чолаку.

Реклама

На концесионерите на плажите им укажал дека откако екипите на „Комунално“ ќе го отстранат отпадот доколку не проодлжат да ги одржуваат ќе им бидат испратени фактури.

– Ги повикуваме сите управители на простор долж брегот на езерото да се грижат максимално за чистотата и одржувањето. Во спротивно, секоја интервенција извршена од екипите на ЈП „Комунално“ – Струга за чистење на тој простор ќе биде директно фактурирана на одговорните лица, во согласност со важечките прописи, нагласи Чолаку.