Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Стручните училишта од земјава се претставија на „Образовното рандеву 2026″ во Богданци

Општина Богданци денеска и утре е домаќин на манифестацијата „Образовно рандеву 2026“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Богданци денеска и утре е домаќин на манифестацијата „Образовно рандеву 2026“ во организација на Младинската асоцијација на средните стручни училишта во Македонија (МАССУМ).

Во текот на овие два дена, Богданци  ќе пречека  претставници на 43 средни стручни училишта од државата, кои преку натпревари, вештини и креативност ќе ги покажат своите знаења и таленти.

Во двата дена учениците ќе се натпреваруваат во најдобра поетска творба, социјален бизнис модел, најдобра фотографија, кариерно портфолио, интервју за работа, најдобра драмска претстава, бенд и соло изведувач, најдобар постер и кратко видео, јавно говорење и во други категории.

Реклама

– Вашето многубројно присуство денес сведочи за значењето на овој настан и за нашата заедничка мисија, да им овозможиме на младите повеќе простор за развој. И оваа година учениците ќе имаат можност да ги покажат своите знаења, вештини и интереси преку натпревари што ја поттикнуваат нивната креативност, иновативност и тимска работа, истакна Росица Шабанова, директорка на СОУ „Богданци” од Богданци.

Добредојде на учесниците им посака и градоначалник на Општината,  Блаже Шапов, кој посочи дека младите се најголема и највредна инвестиција.

– Затоа континуирано вложуваме во подобрување на условите за учење, во образовната инфраструктура и во иницијативи кои ве подготвуваат за предизвиците од новото време, рече Шапов во своето обраќање. 

Средношколците учесници им порачаа на следните генерации дека запишувањето во стручно образование е добар избор.

– Сакаме да им укажеме на тие што сега ќе се запишуваат дека средното стручно училиште е многу подобар избор. На тоа сакаме да ги поттикнеме преку нашите изработки кои денес ги претставивме како на пример масти, креми, масло за коса и други препарати од медицинската струка, како и производи од дрво и разни земјоделски култури, истакнаа учесниците од едно од средните стручни училишта.

Младинското образовно рандеву кое е 21. по ред, за првпат се одржа во Скопје 2006 година. На настанот учествуваат ученици со нивните ментори наставници, кои ќе се натпреваруваат во 16 категории.