Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Стручна комисија ќе утврдува како било повредено три месечното бебе на Клиниката за детски болести

Стручна комисија формирана од министерот Арбен Таравари ќе утврдува дали имало грешки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стручна комисија формирана од министерот Арбен Таравари ќе утврдува дали имало грешки во третманот на три месечното бебе на Детската клиника, кое има траги на насилство на едната рака.Родителите обвинуваат дека нивното дете, има модринки по телото а тоа му го направила некоја од медицинските сестри додека бебето било хоспитализирано една недела на одделот за имунологија. Според сведочењето на родителите, сето ова се случувало далеку од очите на мајката.

Комисијата ќе истражува дали се направени пропусти, а извештајот се очекува да биде готов за неколку денови, вели деректорот на Клиниката.

Таравари по веста дека бебето е со траги на насилство, заедно со директорот на Детската клиника отиде и лично да се сретне со семејството на детето, по што и самиот потврди дека станува збор за видливи повреди на раката на бебето и рече каква и да е вистината, виновниците ќе бидат казнети.

Реклама

„Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни.Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите“,рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Инаку, според информации на Алфа, медицинската сестра која е обвинета, има долг стаж на Клинката за детски болести и досега немала ниту една поплака или пријава од страна на пацинети.

Таа и понатаму доаѓа на работа, се додека не се истражат причините со случајот за три месечното доенче.