Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Стразбур ќе одлучува за струшката депонија

Европскиот суд за човекови права прифати да одлучува да случајот со струшката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот суд за човекови права прифати да одлучува да случајот со струшката дива депонија. Стразбур ја прифати апликацијата и ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга – депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на 2 километри од Охридското Езеро.

“Со оваа проблематика најпрво се соочивме во 2017-та кога имаше големи спалувања на депонијата,тогаш во својство на граѓански активист а сега во својство на адвокат кој што има поднесено апликацијата до Европскиот суд за човекови права.Овој прблем е горлив проблем за стружани и претставува еден од најголемите предизвици на градот во делот на обезбедување здрава животна средина што е уставно право на секој граѓанин на оваа држава, но исто така и во делот на заштита на здравјето и животот на луѓето”-вели адвокатот Глигорие Ќатоски

Откако цели 4 години судовите се прогласуваа за ненадлежни и го шетаа предметот за на крај да ја отрфлат тужбата против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално”,младите правници одлучија правдата да ја бараат во Стразбур.Mакедонските судови не само што не покажаа доволен капацитет да одлучуваат по вака битни прашања за заштита на јавниот интерес на граѓаните,туку несоодвено и неаргументирано ја отфрлија тужбата. Неможе никој да не е надлежен за нелегална депонија и енормно загадување на животна средина–велат младите правници.

Реклама

”Идејата на здружението е секогаш кога било која домашна постапка пред националните судови нема да успее, да се оди токму пред Европскиот суд за човекови права поради тоа што сметаме дека само на тој начин може да се операционализираат и во државата сите оние стандаради кои самиот суд за човекови права веќе во повеќе пресуди ги воспоставил во оваа област”-вели Бојан Трпевски,Македонско здружение на млади правници

Во тужбата меѓудругото е наведено дека депонијата е лоцирана во близина на Охридското Езеро кое е светско природно наследство и секојдневно загадува воздух, почва и подземни води со над 40.000 тони отпад годишно.Откако Стразбур ја прифати тужбата,Европскиот суд за човекови права сега може да побара повторување на постапката пред домашните судови кои овој пат не ќе можат да се извлекуваат, прогласувајќи се за ненадлежни.

Одговорност мора да има за струшката депонија која 20 години ги труе граѓаните и претставува една од најопасните нестандардни,диви депонии во државата. Глувоста и игнорирањето на проблемот со депонијата на која се натрупани илјадници тони секаков вид отпад не смее да помине неказнето.С удството и обвнителството се оние кои до сега требаа да реагираат,децидни се мадите и амбициозни правници.

Инаку на постоечката локација започна да се одлага отпад  во 2006-та година со одлука на градоначалник Рамиз Мерко.Едниствено се направи претовара станица, која никогаш не профункционира,а се прикажуваа огромни суми  за нејзино одржување.