Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Балкан

Стравичните пожари се уште беснеат низ Грција, две жртви, стотици евакуирани

Грција се соочува со нов бран разорни пожари во екот на туристичката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грција се соочува со нов бран разорни пожари во екот на туристичката сезона. Најтешко е на островот Саламина, западно од Атина, каде два пожари избувнаа речиси истовремено и брзо се проширија поради силниот ветер.

Во огнот загинаа постар брачен пар, а девет лица се повредени. Над 500 жители и туристи беа евакуирани, дел од нив со пловила на крајбрежната стража. На терен се ангажирани околу 190 пожарникари, со десетици возила и воздушна поддршка.

Пожарникарите продолжуваат да се борат со огнените жаришта и на островот Скирос, каде пожарот е активен втор ден. Две помали населби беа превентивно евакуирани, а околу 100 пожарникари, авиони и хеликоптери се ангажирани во гаснењето.

Реклама

Само неколку дена претходно, над 300 жители и туристи беа евакуирани со чамци од туристичкото место Сивири на Халкидики, откако пожарот се приближи до куќи и туристички објекти.

Високите температури, сушата и силните ветрови го зголемуваат ризикот од нови пожари. Грчките власти преку системот 112 издаваат предупредувања и наредби за евакуација, а граѓаните и туристите се повикуваат строго да ги следат инструкциите на службите.

Грција останува под висок ризик од пожари, додека службите се обидуваат да ги стават активните жаришта под контрола и да спречат нови евакуации во туристичките региони.