Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Економија

Странските инвеститори ја одржуваат во живот економијата – критики за амбиентот и за администрацијата

Пад на обемот на производство, но и недостиг на стручна работна сила,…

Сподели:

Пад на обемот на производство, но и недостиг на стручна работна сила, забележуваат странските инвеститори за годинава. Ова го покажува анкетата од Совтот на инвеститори во која 75% од нив изјавиле дека повторно би инвестирале во земјава. Најголеми ризици за развојот компаниите со странски капитал е и правната неизвесност но и предвидливоста на економската политика, неефикасноста на јавната администрација, како и неисполнување на дадените ветувања од страна на државата.

  • Во однос на остварените резултати во тековната година, над половина од испитаниците или 54% забележале пад на обемот на планираното производство и извозот помеѓу 10-35%, како резултат на намалените нарачки од странство, недостатокот на суровини и репроматеријали и пречките во нормалното одвивање на транспортот. И покрај ваквиот пад на обемот на производство бројот на вработени останал релативно стабилен со пад од само 1,7%. Ова ја покажува општествената одговорност и грижата за своите вработени кои дури и во услови на пролонгирана и намалена економска активност компаниите ги задржале на работа своите вработени и користат начини за дообука и доусовршување за нивна подобра продуктивност и ефикасност во посткризниот период, вели Виктор Мизо од Асоцијација на странски компании со технолошко напредно производство

Анкетата која е спроведена во првата половина на месец ноември годинава вклучува одговори на 72% од анкетираните фирми лоцирани во и вон ТИРЗ во сите плански региони од државата, претежно компании од автомобилската индустрија коишто лани заедно имале 20.700 работници.

Освен Македонија, главни конкурентски локации се Србија, Бугарија и Мароко. Во однос на остварените резултати во тековната година, над половина од испитаниците или 54% забележале пад на обемот на планираното производство и извозот помеѓу 10-35%, како резултат на намалените нарачки од странство.

Реклама

На пазарот на трудот, компаниите најтешко доаѓаат до инженерски и технички кадар. Како причина за тоа ги посочуваат одливот на кадарот во странство, недоволното искуство и несоодветното стручно образование.

На прашањето за државната помош која ја добиваат, вкупно 93% од нив сметаат дека се потребни нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата.

Умерени се и одговорите за очекувањата на компаниите за 2022. Само 39% од компаниите очекуваат исти приходи, додека раст од 10-30% очекуваат 40% од нив, а намалување од 10-30% прогнозираат 20% од анкетирани компании.

Борис Грујоски