Реклама

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Бизнис

Стопанството со нетрпение ги очекува парите од унгарскиот заем

Стопанството гледа оптимистички на состанокот во недела помеѓу државата и банките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанството гледа оптимистички на состанокот во недела помеѓу државата и банките на кој треба да се договорат условите како ќе бидат префрлани парите од заемот од Унгарија наменети за бизнисот. Претседателот на најголемата комора во Македонија апелира дека мора што поскоро да се најде заеднички јазик за бизнисот да почне да ги користи 250-те милиони евра . Азески не добил покана за состанокот оти Банкарската Асоцијација не е дел од Стопанската комора, но верува дека Владата и банките имаат капацитет да најдат решение кое ќе биде во корист на бизнисот.

Мислам дека е време да се разреши тоа прашање и дека имаат капацитет и Владата и банките да го разрешат тоа прашање и се надеваме дека тоа ќе биде во интерес на фирмите, бидејќи овие средства се наменети баш за нив“,вели Бранко Азески – претседател на Стопанска комора

Азески не е изненаден за тоа што банките преговараат за каматата, оти е нормално секој да го брани својот интерес. Според него, банките со намалување на редовните каматни стапки и државата со овој чекор за финансирање на бизнисот ќе придонесат да се зголемат инвестициските активности и да се надмине, како што вели, срамниот економски раст од 1.8 отсто и да се движи околу 3-4 отсто

Реклама

Провизијата ќе е во рамки на очекувањата на бизнисот, бизнисот има потреба од свежи пари/ Јас соработувам со едните и другите и тврдам дека во делот на банките и бизнисот, си има најпрофесионална структура. Владата има голема одговорност на почеток на мандатот да направи добар потегМислам дека бизнисот овојпат ќе ќари Ние сме тие што треба да ги искористиме средствата на најадекватен начин – и понатаму извозот да остане приоритет број, додава Азески.

Министерката за финансии веќе информираше дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите, но деталите ќе бидат договорени на состанокот во недела кој ќе се случи на барање на Владата.

Целта на Владата е каматната стапка за кредитот за бизнисот да биде по таа која државата го зеде од Унгарија 3,25 проценти, односно во оваа стапка да влезат и еднократните провизии и останатите услови на банките. Инаку половина од заемот од Унгарија е наменет за општините, односно за реализација на капитални инвестиции , а договорите се во фаза на потпишување.