Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Бизнис

Стопанските комори очекуваат експресно да се потпишат договорите за парите од унгарскиот кредит

Бизнисот подготвува проекти и чека на финализирање на процедурата за евтините кредити…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисот подготвува проекти и чека на финализирање на процедурата за евтините кредити од Унгарскиот заем.  Стопанските комори очекуваат дека за краток период Развојната Банка ќе ги потпише договорите со комерцијалните банки, по што ќе стартува процесот на аплицирање, па банките ќе ги анализираат проектите. Според компаниите добро е што акцент се става на производствените капацитети, и не гледаат ништо спорно во тоа што се проширува опфатот.

Ние искрено се радуваме на овој чекор , во вистинска насока да имаме евтини пари на располагање. Самата министерка спомена дека ќе бидат производствени, и се проширува опфатот што е во ред, но есенција ќе бидат тие компании, вели Горан Ѓорѓиевски од Сојузот на стопански комори

И од Стопанската комора на Македонија го поздравуваат чекорот за поддршка на компаниите и очекуваат дека нема долго да трае последната фаза .

Реклама

Очекуваме дека последната фаза ќе оди без проблеми, сметаме дека банките нема да бидат кочници, парите брзо ќе бидат ефектуирани. Чекаме да бидеме информирани за критериумите , велат претставници од комората во телефонски разговор за Алфа.

Компаниите сметаат дека на овој начин ќе се поттикне инвестицискиот циклус и тие порачуваат дека вакви потези државата треба да прави и во иднина.  За нив е добро што конечно добиваат подолг рок на отплата.

„15 години рок на отплата, ова е пробивање на мразот, скоро сите комерцијални банки ги имаа спакувано кредитите во 10 години, сметаме дека може да се оди и на 20 години рок на отплата кога се оди на стратешки проекти. Има интерес за овие кредити, и се надеваме дека ќе има доволно финансии, а за идните години зошто ова да не биде повторено, вели потпретседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски

Премиерот очекува дека во следните денови ќе биде потпишан договорот со развојната банка и комерцијалните банки со што парите ќе влезат во стопантвото. Владата очекува раздвижување на економијата и инвестициски циклус од 300 милиони евра, а со вложување во проекти во општините и во бизнисот се очекува раст на БДП.

Очекувам ова да помогне, да создаде инвестициски бран од минимум 300 милиони евра. Потоа проектите во општините кои што се еден инвестициски бран, реализирање на капитални инвестиции од 250 милиони евра, тука би ги додал и надворешните вложувања, странските инвестиции кои очекувам да натфрлат една милијарда со што ќе бидеме по глава на жител и по поцент од БДП најдобри во регионот- повторно да се вратиме по тие патеки, додаде Мицкоски.

Договорот за заем со Унгарската експорт-импорт банка беше потпишан во октомври во Будимпешта. Кредитот е во висина од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 отсто, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. 250 милиони евра се неменети за бизнисот, а 250 за проекти во општините.