Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Стојкоски: Градежна офанзива на „Алексо Демниевски“, се реконструира улична мрежа од три километри

Општина Ѓорче Петров отпочна реконструкцијата на 13 краци на ул. Алексо Демниевски.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров отпочна реконструкцијата на 13 краци на ул. Алексо Демниевски. За првпат се реконструира улична мрежа со вкупна должина од 3000 метри и површина од 11.350 m², пишува градоначалникот Александар Стојкоски на својот Фејсбук профил.

Градоначалникот истакна дека оваа инвестиција од приближно 15.000.000 денари значајно ќе ја подобри инфраструктурата и ќе донесе современи услови за жителите на урбаната заедница Мирче Ацев, особено во местото Диво Маало – по првпат после неколку децении!

-Секој метар асфалт е чекор кон подобар живот, поголема удобност и иднина која ја градиме заедно. Ова е доказ дека Ѓорче Петров не застанува. Продолжуваме напред, со уште поголема решителност и енергија, за да ги исполниме сите наши заеднички соништа. Благодарам на секој од вас за трпеливоста и довербата. Ова е наша заедничка победа, а јас сум тука да осигурам дека ќе продолжиме да градиме иднина за која сите заслужуваме да бидеме горди, вели Стојкоски.