Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Стојаноски: Повеќе средства за образованието, здравството и социјалната заштитa- граѓаните во фокусот со новиот ребаланс на Буџетот

Третата суштинска порака на Ребалансот е дека економскиот развој мора да оди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Третата суштинска порака на Ребалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Тоа се средства поврзани со социјалните надоместоци, здравствената заштита и обврските кон граѓаните кои не смеат да зависат од дневната политика – истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Функцијата социјална заштита расте за околу 1 милијарда и 838 милиони денари.

Средствата за здравството се зголемуваат за околу 1 милијарда и 811 милиони денари, а за образование за повеќе од 1 милијарда денари.

Реклама

Тоа значи поголема поддршка за здравствените услуги, опрема и објекти, за училиштата, средното и високото образование, како и за ученичкиот и студентскиот стандард.

Субвенциите и трансферите растат за 3 милијарди и 94 милиони денари.

Значаен дел од овие средства се насочува кон земјоделството, железничкиот сообраќај, породилното боледување, МОЈ ДДВ и поддршката за учениците и студентите.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството добива дополнителни 1 милијарда и 331 милион денари.

Министерството за земјоделство добива речиси 300 милиони денари повеќе, со засилување на средствата за водостопанство и стабилност на земјоделското производство.

Платите и надоместоците во јавниот сектор се зголемуваат за 1 милијарда и 128 милиони денари, пред се за исполнување на колективните договори и законските обврски.

Ова не се апстрактни ставки.

Зад нив се пензионери, семејства, земјоделци, здравствени работници, наставници, ученици и студенти.

Зад секоја бројка стои конкретна потреба и конкретна одговорност на државата.

Овој Ребаланс има јасна човечка димензија.

Тој не ги гледа граѓаните само како даночни обврзници, туку како луѓе на кои им се потребни функционално здравство, квалитетно образование, сигурна социјална заштита и поддршка за нивната работа.

Развојот не се мери само во километри пат.

Се мери и во сигурноста на семејствата, можностите на младите и достоинството на секој човек.

Тоа е политиката што ја поддржуваме.