Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Стојаноски: Oсум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%

Јасно да ја воочиме разликата во економскио раст. За владата на СДС/ДУИ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасно да ја воочиме разликата во економскио раст. За владата на СДС/ДУИ го земаме периодот Q2 2017 – Q2 2024, вкупно 29 квартали. За ВМРО-ДПМНЕ го земаме периодот Q3 2024 – Q2 2026, вкупно 8 целосни квартали. Мериме реален годишен раст на БДП во однос на истиот квартал претходната година. Во 29-те квартали од Q2 2017 до Q2 2024 просечното темпо на реален економски раст е околу 1,9%. Во првите 8 целосни квартали на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е околу 3,5%, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата е над 1,9 процентни поени на страна на сегашната влада или над 90% повисоко просечно темно на раст!
И за никој да не каже дека споредбата ја искривува времето на ковид, ако целосно ги извадиме 2020 и 2021 година, претходниот просек е околу 2,5%.

Односно ако од пресметката ги извадиме целосно 2020 и 2021 година, просекот на раст е 2,5% наспроти 3,5 проценти на сегашната влада.

Реклама

Значи и без ковид сегашното темпо на раст е околу 40% повисоко.

А разликата не е само во просекот — туку и во стабилноста.

Според кварталните соопштенија на ДЗС, осум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%.
Бројките директно покажуваат каква е разликата.