Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Стојаноска: Со овој ребаланс, покажуваме дека буџетот не е само документ, туку инструмент за реални резултати – за секој граѓанин

Интегрален текст од изјавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, по започнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегрален текст од изјавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, по започнување на комисиската расправа за ребаланс на Буџетот за 2025 година:

„Почитувани медиуми, почитувани граѓани,

Вчера започна комисиската расправа за Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Овој ребаланс не е само бројка – тоа е буџет кој припаѓа на сите граѓани и кој носи реална поддршка, развој и сигурна иднина. Буџет на кој е пристапено со особено внимание, во секоја ставка, бидејќи тоа се пари на граѓаните.

Реклама

Ќе издвојам неколку најважни поенти од овој ребаланс кој го прави успешен и кредибилен:
1. Раст на приходите од 8,6% во првите пет месеци од годината покажува дека економијата ја зајакнуваме, фискалниот простор го прошируваме, а системот на наплата функционира подобро. Тоа е потврда дека создадените ресурси се плод на нашата заедничка работа.
2. Расходите растат умерено – само 5,1%, и тоа е затоа што приоритетот ни е граѓаните. Зголемени се плати и пензии, внимателно, постепено за да има за секого, а без да се нарушат економските параметри.
3. Буџетскиот дефицит останува стабилен на 4% од БДП, што гарантира фискална одговорност и стабилност на македонската економија.
4. Со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за важни сегменти:
o 800 милиони денари повеќе за плати;
o 2,5 милијарди денари за пензии;
o 300 милиони денари дополнително за капитални инвестиции – инвестиции кои ја носат иднината во вашите општини, во вашите населени места. Ќе допреме до секое едно место во Македонија.
5. Во образованието се вложуваат повеќе од 2 милијарди денари за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта, а сите студенти ќе добијат ваучери од 250 евра за набавка на електронски уред.
6. Реактивиран е проектот „Купи куќа за млади“ со зголемување на средствата за 111%, што е директна поддршка за младите семејства и младите луѓе во создавање на сигурен дом. Со претходната Власт, овој проект беше нефункционален. Ние сега го враќаме на големо, на барање од младите.
7. Значителни инвестиции се планирани и во здравството, со зголемување од 237 милиони денари за изградба, реконструкција и модернизација на здравствени установи, вклучувајќи и дигитализација на здравствените услуги.
8. Јавниот транспорт и инфраструктурата добиваат нов импулс: 307 милиони денари за нови автобуси, плус 307 милиони за локални патишта и дополнителни средства за железничка инфраструктура.
9. Поддршка за спортот, културата и животната средина со значајни зголемувања, кои ги стимулираат квалитетот на живот во сите делови на државата.

Овој ребаланс е доказ дека власта на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на развојот, растот и грижа за граѓаните. Ние инвестираме во иднината, ги штитиме социјалните права, обезбедуваме стабилност и услови за подобар живот. Со овој ребаланс, покажуваме дека буџетот не е само документ, туку инструмент за реални резултати – за секој граѓанин, за секое семејство, за целата држава.
Ви благодарам.