Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Стојаноска: Со Буџетот за 2026 се предвидени зголемени средства за плати и пензии, а паралелно ќе имаме и капитални инвестиции

Во денешната емисија „Студио 10“ на телевизија 24 гостуваше пратеничката од редовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во денешната емисија „Студио 10“ на телевизија 24 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која зборуваше за Предлог буџетот за 2026 година истакнувајќи дека е развоен и скроен по мерка на граѓаните, за економски раст и развој на државата, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Највисок Буџет досега 6,7 милијарди евра, но за разлика од претходни буџети ова е повисок буџет, но ќе има помал дефицит, разликата помеѓу наплатата и потрошувачката овој пат за прв пат ќе се намалува, што значи ги зголемуваме наплатите, додека расходите многу внимателно и плански ќе ги реализираме. Она што е ветено ќе се реализира и затоа за капитални инвестиции овој пат велиме дека е издвоена таа сума која и реално ќе се реализира, видовме и пред два дена Европската комисија  го оцени Буџетот дека дава надеж“, вели Стојаноска.

Пратеничката Стојаноска во своето гостување истакна дека со Буџетот е предвидено зголемување на платите и пензиите, како и инвестирање во капитални проекти, посочувајќи дека ќе се постигне економски раст и фискална консолидација.

Реклама

„Со овој Буџет се предвидени зголемени средства за плати и за пензии, но паралелно ќе имаме и капитални инвестиции, сето тоа е предвидено со овој буџет. На крајот на владеењето на СДСМ и ДУИ ние начекавме неисплатени по три, четири плати во Пошти, Водостопанство, Железници и Национални шуми, мора од овој буџет граѓаните да бидат мирни дека ќе имаат следствено покачување и на платите и на пензиите. Овој Буџет дава надеж дека државата ќе се постави на вистинска патека, ќе се стабилизираме и полека полека ќе се постигне и фискална консолидација и економски напредок, се што е вештачки напумпано гледате до каде не доведе, до долгови кои ни се оставени во наследство“, рече Стојаноска.