Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Стоилковски: Хибридниот режим на Заев штити нелегално производство на марихуана само затоа што му слугуваат

За Мери Проја Продановска и нејзиното семејство не важат законите, затоа е…

Сподели:

За Мери Проја Продановска и нејзиното семејство не важат законите, затоа е што функционер на СДСМ. За Мери Проја Продановска и нејзиното семејство не важат законите, затоа е што е активен член на СДСМ, дури и кандидат на изборни листи. Мери Проја Продановска и нејзиното семејство се под заштита на Зоран Заев и на неговото правосудство. Мери Проја Продановска и нејзиното семејство се под заштита на Вилма Русковска и за нив не важат законите. Само затоа што Мери Проја Продановска е функционер на СДСМ, тие се недопирливи дури и кога се фатени во производство на дрога, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ  Наум Стоилковски.

-Само затоа што Мери Проја Продановска е извршител на нарачките на Зоран Заев, законите за нив не важат.
Скандалот поврзан со Проја, за кој што пишуваа медиумите е огромен. Според медиумите, МВР во 2017-тата година во дворот на викенд куќа сопственост на родителите на Мери Проја Продановска, во Маркова Сушица, пронашла 15 стебла марихуана, по што до ОЈО е поднесена кривична пријава, за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, кривично дело за кое што казната затвор е од 3 до 10 години. ЈО на Заев ја отфрлило пријавата, која била уредно документирана во МВР. Како во оваа држава кога ќе ве фатат во производство на марихуана не одговарате!? А, луѓе кои немаат конекции со власта на Зоран Заев завршуваат во затвор за најбанални работи!? Во хибридниот режим на Зоран Заев, со правосудство во пупка, не одговарате за производство на марихуана, ако ве штитат Заев и неговите обвинители, потенцира Стоилковски.

Тој додава дека ова ли е причината поради која Заев ја држи уценета Проја, да извршува секакви нарачки!? Проја е должник на Заев и се нафаќа да биде извршител на нарачките на параполицијата под контрола на СДСМ. СДСМ вмешува и злоупотребува институции во партиската битка. Одговорност за ова однесување ќе има, мора има. Ова е уште еден доказ за хибридниот режим и злоупотреба на државата, ова е уште еден доказ за шурување со криминалот, за неморалното однесување. ВМРО-ДПМНЕ не прави компромиси со криминалот и по тоа е различно од СДСМ со кој што Македонија тоне во криминал, корупција, сиромаштија и срам.

Реклама