Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Стоилковски: Боки13 е извршител на Рекетот, зад него стојат Заев и СДСМ со моќ да уценат и изнудат рекет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви.

Бизнисменот Амзоски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот.

Реклама

Бојан Јовановски ја запознал измамената пензионерка на која и беа уплатени 720. 000 евра изрекетирани од еден бизнисмен, Бојан Јовановски ја запознал преку Мила Царовска.

Ова се само дел од фактите за случајот Рекет искажани пред суд.

Министрите и функционерите на Зоран Заев и на СДСМ се вмешани во Рекет. Бојан Јовановски, Боки 13, јасно посочува пред суд дека доколку не била нивната поддршка, бизнисмените не би ни седнале со него да преговараат.

Рекет во суштина значи изнуда на пари од некој што има моќ – општествена или политичка да исполни или да не исполни определени цели кои што задираат во сферата на делување на рекетираниот.

Оттука, јасно е дека Бојан Јовановски е само извршител во Рекетот, а зад него стојат Зоран Заев и СДСМ кои што во моментот на рекетирање имаат моќ да уценат и да изнудат рекетирани пари согласно политичката и општествената  моќ, согласно  функциите кои што ги имаа во државната администрација.

Според изјавите на Јовановски, Зоран Заев, Мила Царовска, Александар Кирацовски и кој ли уште се не од функционерите на СДСМ биле дел од рекетарското злосторничко здружување.

Царовска била дел од шемата за перење на парите преку Меѓународен сојуз, која што како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Кирацовски пак посредувал со бизнисмен кој што понатаму е рекетиран.

И до сега по овие изјави пред судот, нема релевантни аргументи од страна на функционерите на СДСМ во насока на нивно негирање на ваквите искази. Тоа потврдува дека целата операција била овозможена и спроведена од функционери на СДСМ.

СДСМ е структурата која што се крие зад Рекет, а Зоран Заев главата на октоподот каде што завршиле парите. За ова одговорност мора да има.