Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Сто дрвја ќе бидат посадени во парк во Аеродром во рамки на акцијата „Дрвја на пријателството“

Со садење 550 дрвја во 11 градови низ регионот, од кои 100…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со садење 550 дрвја во 11 градови низ регионот, од кои 100 во Скопје, денеска ќе се одржи шестата акција „Дрвја на пријателството“, што ја организира Европскиот фонд за Балканот во соработка со локални партнери. Станува збор за координирана регионална акција за поттикнување солидарност и подигнување на свеста за аерозагадувањето.

Дрвјата во Скопје ќе бидат посадени во парк во општината Аеродром. 

Во изминатите години, „Дрво на пријателството“ прерасна во активност што претставува пример за регионална солидарност. Стотици ангажирани граѓани се здружија за да ја покажат регионалната солидарност, садејќи ги овие дрвја заедно и истовремено низ целиот регион. Овие синхрони акции не се организираа само во главните градови, туку и во помали места како Бор, Сремски Карловци, Ѓакова, Пеќ, Смедерево, Косијериќ, Зеница, Тузла, Камза. Досега се засадени вкупно 2.700 дрвја во 15 градови во шест земји од нашиот регион, со учество на 20 локални партнери.

Реклама

„Аерозагадувањето и натаму е еден од најголемите предизвици во регионот, сериозно влијаејќи врз здравјето и квалитетот на живот на граѓаните и придонесувајќи кон алармантни стапки на белодробни заболувања. Скопје секоја година има се помалку зеленило и прераснува во бетонска џунгла, затоа не ја пропуштаме секоја шанса да додадеме бар малку зеленило во белите дробови на нашиот главен град.“, објаснува Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата МојВоздух и локален партнер во акцијата.

Тој посочува дека нивната цел останува иста – да продолжат да покажуваат дека со индивидуална одговорност и информирање на јавноста за сериозноста на аерозагадувањето и климатските промени, можно е да се направи разлика и на локално и на регионално ниво.