Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Стојаноски: Македонија бележи раст од 7,6% на индустриското производство

Денес ќе зборувам за резултатите во индустријата и за ефектите од економските политики кои Владата ги спроведува во изминатиот период. Она што е најважно е дека бројките зборуваат сами за себе, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2026 година индустриското производство бележи раст од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес ќе зборувам за резултатите во индустријата и за ефектите од економските политики кои Владата ги спроведува во изминатиот период. Она што е најважно е дека бројките зборуваат сами за себе, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2026 година индустриското производство бележи раст од 7,6 проценти во однос на 2025 година. Во исто време, кумулативно за 2026 година индустриското производство е во позитивна зона и бележи раст од 0,2 проценти.

Но, суштината е во нешто друго. Во услови кога голем дел од европските економии се соочуваат со забавување на индустриската активност, кога индустриското производство во многу држави е во негатива, Македонија е во позитива.

Реклама

Ова не е случајност. Ова е резултат на јасна економска политика и директна поддршка на домашните компании.

Владата обезбеди силен финансиски поттик за стопанството преку кредитната линија од 230 милиони евра наменета за домашните претпријатија. Тоа се средства кои не останаа само бројка на хартија, туку завршија во нови инвестиции, нова опрема, проширени капацитети, поголемо производство и нови можности за развој.

Кога државата стои зад домашните компании, резултатите се видливи. Расте производството, расте индустрискиот промет, се зголемува економската активност и се отвора простор за нови работни места.

Особено значајно е што растот доаѓа од преработувачката индустрија, секторот кој создава најголема додадена вредност и кој е двигател на извозот и економскиот развој.

Затоа денес можеме со сигурност да кажеме дека економските политики даваат резултати. Не зборуваме за проценки, туку за официјални статистички податоци.

Ќе продолжиме со поддршка на домашната економија, на македонските компании и на македонските работници, затоа што само со силна индустрија можеме да обезбедиме повисок животен стандард, повисоки плати и посилна македонска економија.

Времето на стагнација завршува. Македонија повторно произведува, инвестира и напредува.

Линк од видео материјал: